Хачисон: Македонија може да биде следната земја членка на НАТО

13.10.2017 | 11:14
Прочитано: 1220

Македонија е следната земја што може да ги исполни критериумите за членство во НАТО и јас ја поддржувам, но проблемот е името „Македонија“ кое треба да биде прифатливо и за Грција, изјави постојаниот амбасадор на САД во НАТО кеј Бејли Хачисон во интервју за „Вашингтон пост“. 

Хатчисон рече дека алијансата има политика на „отворени врати“ за нови земји членки, но тие треба да исполнуваат одредени демократски и воени стандарди. Сметам дека сите ја гледаат Македонија и нејзиното исполнување на овие стандарди. Има уште малку до целосно исполнување, но верувам дека ако кажат дека се близу до договор за спорот со името, а ние сакаме да имаат име какво што тие сакаат или во некоја друга форма, но мора да има едногласен консензус. Сметам дека се многу близу. САД ги поддржуваат и ако можат да го исполнат последното парче на внатрешен план и работат кон слободни избори и силна Влада, тогаш ќе бидат следната земја членка, изјави Хачисон. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.