Хрватска забрани увоз на кекси од БиХ и Србија

05.12.2017 | 09:49
Прочитано: 1969

Хрватската санитарна инспекција забрани увоз на шест пратки со кондиторски производи од Босна и Херцеговина и од Србија, поради наводно преголемо количество штетни состојки.

Според европскиот систем за брзо известување за безбедноста на храната, станува збор за пратки со кекс од БиХ и крекери и интегрални бисквити од Србија.

Белградскиот весник „Политика“ во денешното издание наведува дека српските надлежни органи веќе стапиле во контакт со производителите на вратените стоки и земале мостри за проверка на количеството на акрималид.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.