Хуманитарна акција во Штип за седумгодишната Валерија

14.11.2017 | 19:06
Прочитано: 3255

Штипјани во хумана акција. Цел град се бори да остане насмевката на лицето на седумгодишната Валерија Зафировска. Нејзе пред еден месец и е откриен тумор на мозокот. За родителите дијагнозата била шок. Бидејќи прво била дијагностицирана детска мигрена која има исти симптоми. За да се изврши операцијата потребни се 40.000 евра. Парите треба да се соберат што побрзо затоа што последните снимања покажале дека туморот агресивно расте. Последниов месец пораснал за еден и пол сантиметар.

„Ни беше кажано дека во Турција се наоѓа најдобриот детски неврохирург и ние испративме магнетна и тој предложи да се направи операција“ - вели Марина Зафировска, мајка,

Во сите кафулиња се поставени пунктови за донации. Последниве три дена се организираат хуманитарни концерти, а сите кои можат донираат и на отворени пунктови на Црвениот Крст. Од вчера се активни и броевите за донација на телефонските оператори, а пари може да се донираат и на жиросметката во Комерцијална банка.

„После операцијата, после патолошкото испитување, ќе знае каква терапија ќе следува.“ - вели Зафировска.

„не верувавме колку хумани граѓани имаме, изненадени сме од хуманоста.“ - вели таткото Зафир Зафировски.

Со подршка се вклучија и неколку бизнисмени, а градоначалникот на Штип, Бочварски најави дека по личната донација, утре ќе бидат пуштени и пари од општинската сметка.

„Во општината имаше поставено луѓе од црвениот крст, а денес правиме список од вработените да дадат свој придонес. Од општинската сметка ќе бидат пуштени сметка.“ - вели Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Семејството Зафировски се обратило до штипската подружница на Фондот за здравство, но морале да ја преведат медицинската документација од турски на македонски јазик, поради што се оддолжила постапката. Утре ќе одат во Скопје за таму да го предадат барањето. Ако Фондот го прифати велат дека вишокот собрани средства тие ќе ги донираат за лекување на друго дете на кое му е потребна помош.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.