Поради обилните врнежи на снег, екипите на зимската служба на Град Скопје
се излезени на терен со 16 возила (соларки и грејдери) и интензивно работат на расчистување на снежните наноси од коловозите на улиците и на булеварите (магистралните и собирните улици на подрачјето на Скопје).
Кризниот штаб на зимската служба на Град Скопје денеска ќе ја следи состојбата на терен и ако има потреба ќе интервенира и со дополнителна градежна механизација, соопшти Град Скопје.
Град Скопје препорачува граѓаните да возат внимателно и да се придржуваат кон условите на коловозите.








