24 ВЕСТИ

ЗА 24 ВЕСТИПРОГРАМАКОНТАКТРЕКЛАМИРАЈ СЕ


Sat05192012

Последно Ажурирање:11:28:40 AM GMT


Назад СВЕТ СВЕТ Најмалку десет екстремисти убиени во пакистанскиот регион Северен Вазиристан

Најмалку десет екстремисти убиени во пакистанскиот регион Северен Вазиристан

Во нападот на американско беспилотно летало денеска се убиени десет екстремисти во пакистанскиот регион Северен Вазиристан кај границата со Авганистан, соопштија пакистански безбедносни претставници.

Истрелани се два проектили врз куќа, за која се сметало дека е скривалиште на екстремисти во селото Тапи на 15 километри источно од Мираншах, главен град на Северен Вазиристан.

Куќата е целосно уништена и десет екстремисти се убиени, наведоа пакистански безбедносни претставници.

Тоа е петти напад оваа година, иако оваа програма на ЦИА, која се смета за клучен елемент во американските напори за сузбивање на тероризмот, наводно запрен по ноемврискиот воздушниот напад кога се убиени 24 пакистански војници што ги „разбесне“ претставниците на Исламабад.