Институциите во пократок рок да одговраат на барањата за пристап до информaции од јавен карактер

27.12.2017 | 13:47
Прочитано: 995

Институциите во покус рок  да одговараат на барањата за пристап до информации од јавен карактер – ова е само една од насоките во кои медиумската заедница и граѓанските оргазнизации сметаат дека треба да се измени законот за пристап до информации од јавен карактер.

Потребно да има поголема одговорност на институциите што одбиваат да достават податоци. На денешната дебата - министерот Роберт Поповски, посочи дека информациите што ги има државата мора да станат јавно достапни и доколку се постигне тоа можеби  овој закон ќе се користи само за одредени случаи.

Сепак, Поповски додаде дека, иако законот е добро поставен, во реалноста пристапот е отежнат, но и дека мора прецизно да се дефинира што е класифициран документ. ОД Центарот за граѓански комуникации додаваат дека од нивните поднесени барања само 70 отсто се одговорени, процент што според нивните истражувања се намалува ако барања се пдонесени од новинари.

 

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.