Избрани вршители на должност на ОЈО Скопје и обвинителството за организиран криминал

06.12.2017 | 14:40
Прочитано: 1828

Поранешниот судија на Уставен суд, Исмаил Дарлишта е избран за јавен обвинител во Републичкото јавно обвинителство.

Советот на јавни обвинители денеска ја именуваше и Мери Тромбева за раководител на вишото јавно обвинителство Битола и Билјана Стевчева за шефица на Основното јавно обвинителство Радовиш.

За останатите места за кои беше распишан оглас тој ќе биде поништен и ќе се објави нов.

Наместо избор на раководители во скопското и во обвинителството за организиран криминал поставени се вршители на должност и тоа Сашо Рајчев во Основното јавно обвинителство Скопје и Гордана Смаќоска во организиран криминал.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.