Извештај на агенцијата за аудио визуелни медиумски услуги

21.12.2016 | 11:55
Прочитано: 3164
Телевизиите и радијата годинава  продале рекламен простор во висина од 27,5 милони евра – покажуваат анализите на агенцијата за аудиовизуелни медиуми.
 
Телевизиите земале 91,55% од рекламниот колач, додека кај радијата завршиле 8,45% од средствата. Најголем дел од рекламниот колач зема Тв Сител 43% и  Тв Канал 5  21%.  Од агенцијата за аудиовизуелни уметности велат дека немаат анализа колку од овие реклами се владино рекламирање, односно пари од буџетот. Директорот на агенцијата посочи дека телевизиите не се должни да дадат податоци за тоа колку од рекламите се комерцијални, а колку се од буџетот на РМ. 
 
Од агенцијата за медиуми велат дека сегашните анализи не ја даваат реалната слика за тоа колку пари од реклами завршуваат во медиумите., бидејќи бруто вредноста на рекламите пресметани преку ценовниците и податоците на агенцијата Нилсон и податоците од завршните сметки на медиумите не се совпаѓаат. Директорот на агнецијата рече дека токму затоа е потребно телевизиите и маркетинг агенциите да потпишат договор со агенцијата AGB Nilson.  Во текот на денешниот ден, агенцијата за аудиовизуелни медиуми ќе го достави извештајот од мониторингот на медиумите до Ад Хок телото кое има 3 дена рок за разгледување. Досега агенцијата поднела 4 прекршочни пријави, 14 опомени за рафиодифузерите и 1 опомена до печатен медиум.
 

This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union. 


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.