Јана Бурчевска со „Dance alone“ настапува вечерва на Евровизија

11.05.2017 | 10:19
Прочитано: 3393

Македонската претставничка на годинашниот избор на песна на Евровизија, Јана Бурчевска вечерва со песната „Dance alone“ ќе настапи на втората полуфинална вечер што ќе се одржи во Киев, Украина.

Освен Македонија, на втората полуфинална вечер ќе настапат и Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

За пласман во финалето ќе одлучуваат гласовите од публиката, како и гласовите од националните жири комисии од земјите учеснички на втората полуфинална вечер и од Германија, Франција и Украина.

Годинава, Македонската радио телевизија за членови на националното стручно жири ги делегира Александар Масевски, Силвана Мучиќ Плевнеш, Антонија Гиговска, Марко Марк и Калина Велковска.

Од првата полуфинална вечер што се одржа во вторникот пласман во финалето обезбедија Шведска, Австралија, Белгија, Азербеjџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Кипар и Ерменија.

Директниот пренос од втората полуфинална вечер почнува од 21 часот на Македонската радио телевизија. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.