Јанушев генерален секретар, Николоски, Мисајлоски и Јанчев потпретседатели, „бунтовниците во аут“

12.01.2018 | 22:15
Прочитано: 10675

ВМРО-ДПМНЕ со нови сили во Извршниот комитет да издејствува предвремени парламентарни избори и да ја формира идната Влада. Ова е очекувањето на  лидерот на партијата, Христијан Мицковски, по седницата на Централниот комитет, на која беше усвоен новиот состав на партиските структури.

„Станувазбор заилно мотивирани индивидуи луѓе кои што голем дел од својот живот поминале вопартиските структури, искусни политичари  така што мислам дека во периодот кој што следи убеден сум дека т.е да не бидам претенциозен дека ВМРО-ДПМНЕ многу брзо ќе застане на здрави нозе и ќе можеме што е можно поскоро да издејствуваме предвремени парламентарни избори и ВМРО-ДПМНЕ да ја формира следната Влада на Република Македонија“, вели Христијан Mицкоски – Претседател на ВМРО- ДПМНЕ

Екс - директорот на ЈСП, Игор Јанушев беше избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Тој важи за близок и до Миле Јанакиевски, а токму екс министерот го спомнуваше Јанушев во „бомбите“ како одговорен за фалсификување на лични карти.

Членовите на Централниот комитет избраа дури тројца потпретседатели,  Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, екс- министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и екс пратеникот  Александар Николовски.

Валтко Ѓорчев стана и официјално координатор, а место во ИК се најде и за Трајко Славевски како и з а  Коце Трајановски, Ане Лашкоска, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски, а во новиот состав влегуваат и Тони Михајловски,  Костадин Богданов  од реформаторите, Дафина Стојаноска,  Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, и Бајрам Требишки. Таканаречените бунтовници – пратениците Илија Димовски и Антонијо Милошоски, кои беа меѓу најгласните критичари на условите за спроведување на Конгресот, останаа без функции во партијата. Мицковски тврди дека причината за ова не нивното спротивставување на неговиот избор.

„Јас во неколку наврати во минатото имам кажано дека се работи за перфектни луѓе, луѓе кои биле активисти во партијата, извршувале големи и значајни државни функции, биле министри, координатори на пратенички групи   имаат што уште многу да дадат во структурите на партијата. Не се исклучува никаква можност за нивно понатамошно ангажирање во било кои сегменти во структурата на партијата, се разбира доколку тоа соодветствува со  нивните амбиции“, вели Христијан Mицкоски – Претседател на ВМРО- ДПМНЕ

Ова инаку се први кадровски промени на новоизбраниот претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Токму тие би требало да ги навестат политиките и начинот на кој Мицковски ке ја води опозицијата. Тој најави формирање на два нови совети во партијата кои ќе имаат советодавна функција. Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ тврди неговиот претходник освен почесен претседател на партијата нема никаква друга улога.


Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.