Јавни седници во Апелација, се очекуваат одлуки за барањата за мерки за обвинетите

17.07.2017 | 10:51
Прочитано: 1025

Во Апелациониот суд денеска ќе се одржат седници на кои ќе се разгледуваат жалбите на обвинетите и на СЈО за изречените мерки на Кривичниот суд по обвиненијата и барањата за мерки на тимот на Катица Јанева.

Во саботата Апелациониот суд објави шест одлуки, а денеска се очекува да бидат објавени и другите одлуки на Апелација за барањата на СЈО за притвор и други мерки за обвинетите. 

Апелација одлучи да не ја прифати жалбата на уредничката во телевизија Сител, Ивона Талевска и донесе одлука да остане без пасош.

Мерките за претпазливост продолжуваат да важат и за обвинетите во случајот „Тортура“, односно за апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски. Меѓу обвинетите за овој слуај е поранешниот командант на Алфите, Ивица Анчевски Пуки.

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.