Јиржи Свобода добитник на Светската награда за хуманизам за 2017 година

05.01.2017 | 11:30
Прочитано: 1337
Интренационалното жири на Охридската академија на хуманизмот едногласно одлучи Светската награда за хуманизам за 2017 година да му ја додели на големото име на чешката и светската кинематографија - Јиржи Свобода.
 
Неговиот исклучителен животен и творечки опус, чијашто уметничка круна беше остварена минатата година со филмското ремек-дело посветено на Јан Хус, го вброи меѓу големите имиња на светската хуманистичка мисла кои изминативе години ја збогатија духовната меморија на Охрид, градот на вечно живите македонски просветители Св. Климент и Св. Наум, ученици на апостолите на сесловенската култура Св. Кирил и Методиј, заштитници на Европа.
 
Од нејзиното воспоставување во 2007 година, Светската награда за хуманизам е доделена на великаните на интернационалната хуманистичка визија , како што се Даисаку Икеда (Јапонија), Мануел Де Олвеира (Португалија), Александр Солжењицин (Русија), Рави Шанкар (Индија), Питер Брук (Велика Британија), Херта Милер (Германија), Џон Ралстон Саул (Канада), Светлин Русев (Бугарија), Вида Огњеновииќ (Србија), Дарко Гашпаровиќ (Хрватска).
 
Свечената прослава на доделувањето на Светската награда на хуманизмот на Јиржи Свобода, ќе се одржи во Охрид на 18 јануари - Водици, во куќата на Уранија на МАНУ, со почеток во 19 часот.
 
На пригодната свеченост  на присутните ќе им се обратат: Јордан Плевнеш – Претседатател на Охридската академија на Хуманизмот,  Мирослав Рамеш – амбасадор на Република Чешка во Македонија, Грагоначалнкот на Општина Охрид Д-р Никола Бакарачевски, кој воедно и ќе ја врачи наградата, како и добитникот на наградата, Јиржи Свобода.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.