Кадровски смени во здравството

17.07.2017 | 17:44
Прочитано: 11258
Продолжуваат директорските смени на клиниките. Последен во низата разрешени е директорот на штипската болница – Александар Стојановски. На негово место е именуван д-р Ален Ѓорѓиев.
 
Разрешувањето доаѓа откако минатата недела санитарните инспекции покажаа нерегуларности во работењето, неетичко однесување на дел од вработените, а било утврдено дека и хигиената во установата е на незадоволително ниво. 
 
Нов директор ќе добие и Центарот за јавно здравје во Штип. Д-р Марија Димитрова ќе седне на директорското столче таму, а од Министерството за здравство информираат дека разрешен е и еконосмкиот директор во Клиничката болница во Тетово.  
 
Нов директор треба да добие и Фондот за здравство. Министерот најави дека тоа треба да се случи утре, но денеска оттаму велат дека било политичка одлука и не се знае кога ќе биде именуван новиот директор ниту пак откриваат кои се кандидатите кои би можеле да застанат на чело на здравствената каса.
 
Од министерството размислуваат отсега Фондот да има само еден директор. 
 
Според најавите на генералниот секретар на Владата до утре требаше да биде назначен и одборот, за кој претходно актуелниот директор на Фондот – Сашо Стефановски обвини дека со разрешувањето на членовите од минатата недела се парализирала работата на институцијата и се става во опасност здравјето на осигурениците.  
Претхдно разрешени беа четири медицински и тројца економски директори.
 
Според најавите на Министерот Таравари најдоцна за три недели – 80 отсто од клиниките ќе добијат нови директори. 
Освен смените во ресорот здравство, претходно владата ги разреши и сите членови на управбните одбори во институциите и претпријатијата. Сега се чека да бидат назначени нови, кои потоа ќе треба да ги изберат и директорите. Сепак, сеуште неизвесно е како ќе оди оваа постапка, и уште колку долго ќе трае, бидејќи според информациите на Телевизија 24, сеушпте траат преговите на коалиционите партнери околу поделбата на институциите и претпријатија.  

Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.