Каква судбина го чека проектот „Скопје 2014“?

19.05.2017 | 18:54
Прочитано: 21930
Новата Влада да спроведе итна ревизија и мораториум за проектот „Скопје 2014“, порачуваат  архитектите. Посочуваат дека проектот треба да претрпи интервенции, односно да се види кои споменици може да се дислоцираат, кои фасади да си го вратат афтентичниот лик и колку се тоа ќе чини. 
Бараат сите анализи да бидат јавни со презентанции и дебати на кои ќе присуствуваат граѓаните и стручната фела. 
 
„Тоа е една етапна реализација со која што ние не ќе можеме да избришеме она што е запишано во проективната меморија, ќе останат траги и лузни. Барем да се обидеме да го промениме оној визуелен хоризонт, просторот мора да се рехабилитира, ваков каков што е не смее да остане“, изјави Даница Павловска - Циги, архитект.
 
Од СДСМ најавуваат дека новата Влада планира транспаретни дебати, пренамена на дел од објектите во склоп на „Скопје 2014“ и дислокација на некои од спомениците. Но првично ќе се анализира колку чини дислоцирањето и дали ќе може да си дозволат да потрошат пари за тоа или да се пренаменат за продуктивни цели. 
 
„Побаравме и евалуација колку чини дислокацијата, без да споменувам пример за кој споменик се работи. Се работи за над 4 - 5 милиони евра, дури и повеќе, конкретно еве за воинот на коњ. Дали вреди да ги дадеме тие пари или со тие пари да изградиме две нови училишта“, изјави Дамјан Манчевски, СДСМ.
 
Ревизорскиот извештај што го нарача градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, пред четири години покажа низа нерегуларности - од начинот на кој се спроведувале тендерите, договорите на авторите до фаворизирање на одредени компании.  
 
Според истражувања на новинарската мрежа „Бирн“, досега сумата на државните пари кои се потрошија за „Скопје 2014“, односно за изградба на споменици, објекти и промена на фасади во барок достигна 700 милиони евра. 

Соња Јанковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.