Касперски Лаб“: Извршени 45 илјади хакерски напади во 74 држави во светот

13.05.2017 | 12:19
Прочитано: 1683
Најголемата европска компанија, специјализирана за разработка на антивирусен софтвер „Касперски Лаб“ регистрирала вчера 45 илјади хакерски напади во 74 држави во светот, при што најмногу обиди за заразување биле извршени во Русија. 
 
Нападнати биле компјутерите на најголемите компании и министерства, меѓу кои Сбербанк, Мегафон, Министерството за внатрешни работи и Министерството за вонредни ситуации. 
 
Користен бил инструмент, создаден од Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА), изјави поранешниот вработен во оваа Агенција, Едвард Сноуден, кој ја разоткри нејзината програма за следење на комуникациите на граѓаните.
 
Опсегот на масовниот кибер напад со т.н. вирус изнудувач, кој бара да се изврши плаќање, за да се деблокира оперативниот систем, се покажа како глобален, јави телевизијата Евроњуз. Засега никој не ја презел одговорноста. Според експертите од компанијата за антивирусни производи „Аваст“ регистрирани се 57 илјади заразувања во 97 земји, при што главни цели биле Русија, Украина и Тајван. 
 
Азиските земји соопштија денеска дека засега немаат информации за големите хакерски напади врз нив. Во Кина биле нападнати гимназии и универзитети.
 
За најмасовните напади беше соопштено во Велика Британија, каде беше погоден здравствениот систем, поради што пацентите биле враќани, бидејќи болниците немале пристап до компјутерите. Една од целите во Шпанија била телекомуникциската компанија „Телефоника“, но нападот бил ограничен на некои компјутери од нејзината внатрешна мрежа и не се одразил врз клиентите или нејзините услуги. 
 
Погодени биле и мал број организации со седиште во САД, бидејќи хакерите изгледа нападите ги почнале со компании во Европа, изјави еден од раководителите на софтверската компанија „Симантек“. 
 
Таинствената организација, која се нарекувала „Шадоу брокерс“ во април објави дека украла кибер оружје од НСА, кое и овозможило неверојатен пристап до сите компјутери. Тоа оружје се нарекувало Eternal Blue. Агенцијата го разработувала за да може да добие пристап до компјутерите на терористи или „непријателски земји“. 
 
По кржбата групата го „активирала“ оружјето на непознат сајт. Тоа се случило на 14 април само една недела, откако Доналд Трамп нареди да се изврши ракетен напад врз сириската воено воздухопловна база како одговор на хемискиот напад врз цивили во Сирија, за кој се претпоставува дека е дело на сирискиот режим.
 
Никој не знае, кој стои зад „Шадоу Брокерс“, но во изјава објавена на Интернет во декември се вели: „Шадоу брокерс“ не се неодговорни криминалци, тие се опортунисти. Тие на одговорните земји им даваат можност да ги поправат нештата.
 
Според Едвард Сноуден групата била поддржана од Кремљ.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.