Казни за неколку фирми – загадувачи во Струмица

13.01.2018 | 17:31
Прочитано: 2452

Пробните резултати за аерозагаденоста во Струмица ги мобилизираше општинските инспекциски служби. Изминативе денови тие ги зачестија контролите и кај повеќе фирми откриле прекршувања на законската регулатива за заштита на животната средина. Според Кирил Оџаков дел од струмичките стопанските субејекти користеле недозволени енергенси за огрев кои придонесувале за зголемување на аерозагадувањето и против нив се поведени управни постапки.

„Овластените инспектори, согласно нивните надлежности од законот на животна средина и закон за управување со отпадот, како и законот за јавна чистота, спроведува повече инспекциски контроли, при што кај неколку субјекти се констатирани неправилности при користење на недозволени енергенси за огрев кое придонесува за зголемено аерозагадување и загрозување на животната средина. Согласно споменатите закони, против овие субјекти се поведени управно инспекциски постапки. “ - вели Александар Оџаков – секретар на општината.

 Од општината не конкретизираа кои фирми загадувале но посочија дека инспекциските контроли ќе продолжат и следната недела. Освен правните субјекти ке се контролирале и домаќинствата кои се под сомневање дека користат иверица за загревање.

„Треба да има инспекциски надзор во индустријата, бидејќи вакви амплитуди во град каде нема индустрии е нелогично. Греење има и во другите градови, па нема загадување.“ - Горги Танушев – здружение Здрава Котлина.

 За време на Божик, Струмица според мерната станица на министерството за животна средина поставена во струмичката болница беше најзагаден град. Беа измерени концентрации 15 патио повеќе од дозволеното. Од министерството информираа дека станицата се тестирала и резултатите не биле веродостојни.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.