Кејти Пери обвинета за промовирање на канибализам

17.05.2017 | 14:34
Прочитано: 2970

Пејачката Кејти Пери го примовираше спотот за песната „Bon appetit”, кој крена голема прашина, бидејќи дел од јавноста оцени дека со него таа поттикнува канибализам.

Дали овој спот ќе биде забранет за емитување, останува да се види наредните денови. 

Пери сними спот во кој готвачи ја месат, варат и готват во врела вода, а потоа ја сервираат како главно јадење.

Иако идејата е екстравагантна, таа не наиде на одобрување од јавноста, па дури и нејзините фанови велат дека ги надминала границите на добриот вкус.

- Во спотот сум врела и подготвена са сервирање. Но, внимание! И натаму не сум обично парче месо, изјави пејачката, која дополнително објасни дека со песната сакала да порача дека некои мажи и натаму жените ги доживуваат само како „месо”.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.