Кина планира да лансира сонди на месечината и на Марс

27.12.2016 | 14:30
Прочитано: 2039

Кинеските власти најавија дека до 2018 година Кина ќе стане првата земја која ќе спушти своја сонда на темната страна на месечината.

Во планот за вселенските мисии објавен од канцеларијата за информации на Кина, наречен „бела книга“ се предвидува до 2020 да биде лансирана и сонда на Марс.

Во документот уште се истакнува дека намерата на земјата е искористување на вселената во мирољубиви цели и за гаранција на националната безбедност, како и спроведување најсовремени научни истражувања.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.