Кинески град во кој е срамота да имате една девојка, па сите имаат три

15.07.2017 | 19:47
Прочитано: 12976

Многу мажи ширум светот ги мачи прашањето како да најдат девојка, но не и мажите што живеат во кинескиот град Дунгуан. 

Таму разликата меѓу бројот на жените и мажите е голема, па на секои 89 мажи има 100 жени, што е предизвикано од политиката на вработување - локалните фабирки секогаш бараат женски работнички, додека мажите масовно се иселуваат.

Поради дефицитот на мажи не е чудно што еден маж има и по три девојки, а еден од нив изјавил дека би било срамота да има само една девојка. 

„Во градот е многу полесно да се најде девојка отколку работа. Јас имам три, како и многу мои пријатели. Тие девојки меѓусебно знаат се една за друга, ништо не се крие“, изјавил работни во тамошна фабрика. 

Во овој град не е необично жените да платат вечера или пајлок, со оглед на тоа што повеќето се вработени.

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.