Ќе биде пеколно лето за младинките, ждрепката им додели „страшна“ група

20.04.2017 | 21:08
Прочитано: 1778
Македонската репрезентација за ракометарки до 19 години немаше среќа во ждрепката за Европското првенство во Словенија ова лето и доби тешка група. 
 
Ќе играме во групата Б, против Норвешка, Русија и Хрватска, што ќе ја направи многу тешка задачата да се пласираме меѓу првите осум. Таму продолжуваат првите две репрезентации од секоја група, меѓутоа втора фаза ќе има и за третите и четвртите, кои ќе разигруваат за пласман.
 
Европското првенство ќе се одржи во Целје, од 27 јули до 6 август, а Македонија избори пласман преку квалификациската група во „Кале“, во конкуренција на Унгарија, Фарски Острови и на Молдавија.

Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.