Ќе има ли директорски смени во средните училишта?

13.02.2018 | 17:38
Прочитано: 2099

Отвореното писмо во кое група наставници се жалат на мобинг и притисоци од директорите поставени од претходната власт, воопшто не било официјално адресирано до Град Скопје. Сепак оттаму велат дека ги прочитале пораките упатени до градоначалникот Шилегов.

„Јавното обраќање е нотирано од страна на градската администрација и сите наводи, согласно законот, ќе бидат преиспитани од надлежните органи во редовни и вонредни постапки“ – велат од кабинетот на Шилегов.

Наставничкиот пленум пак, кој ги поддржа барањата од писмото на група наставници, порачува дека е потребно што поскоро да се расчисти со партиските кадри.

„Се изгуби професионализамот и оние квалитети на директор чпвек кој треба како педагог да застане пред учениците. Ние сме воспитен процес. Партизацијата ја сметаме за штетен процес“ - вели Сузана Тахир од Наставнички пленум.

За дел од средните училишта, како што неофицијално дознава ТВ 24, веќе се подготвуваат нови директори, меѓутоа кадровските решенија, според нашите извори, се заглавени во преговори меѓу коалициските партнери. Раководната позиција во елитната скопска Гимназија „Јосип Броз Тито“, неофицијално ќе и припадне на партијата ДОМ – нешто што не е прифатливо за наставниот кадар. Тие бараат идните директори да бидат професионалци, кои ќе спроведат системски промени во средните училишта.

„Притисокот и мобингот што го чувствуваат наставниците кои биле во претходниот режим, не очекуваме промена.“ - вели Тахир.

Дел од наставниците со кои разговаравме, брифираат дека најголеми притисоци трпат нивните колеги од гимназијата „Јосип Броз“ и ГУЦ. Токму во ова училиште минатата недела беше избркана наставничка по девет години работа со договор на определено време,  а на нејзино место директорката Драгица Костадиновска вработила ново лице. Таа деновиве е недостапна за медиумите да даде коментар.

Без успех заврши и овој обид да стапиме во контакт со директорката Костадиновска. Обезбедувањето не информираше дека таа не е на работното место. Минатата недела пак таа се заклучи во својата канцеларија откако дозна дека ја бара нашата екипа. Вработените тогаш ни посочија средба со неа да закажеме преку архивата на училиштето.

Од државниот просветен инспекторат веќе потврдија дека се направени вонредни инспекциски надзори во неколку средни училишта, меѓу другото и по пријави за мобинг и притисоци, но повеќе информации најавија по завршување на истражните дејства.


БАНЕВСК
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.