Кога ќе се оствари инвестицијата од 400 милиони долари на турски “Веибо груп“ ?

23.11.2015 | 18:22
Прочитано: 4812

Наместо во економската зона во Ранковце, нова фабрика во Врање. Дали Македонија ја напушта и странскиот инвеститор Веибо Груп. Се огласија од опозициската СДСМ.

Последните информации говорат дека Веибо груп во октомври годинава најавила дека инвестицијата сепак ќе ја реализира ама во Врање, соседна Србија. Ова не е прва компанија којашто решила својот капитал да не го инвестира во Македонија. И данската Грудхост на крај се одлучи својата инвестиција да ја реализира во Србија“, стои во соопштението на СДСМ.

Опозицијата обвинува дека од виртуелните инвестиции на Груевски останале само изорана ливада и нула нови работни места посочувајќи го празниот плац каде требаше да се изгради новата фабрика во Ранковце.

Официјалната веб страна на Веибо Груп во земјава моментално е нефункционална. 24 Вести побара одговор од преставништото на турската компанија во Скопје дали е донесена одлука да се инвестира во Србија наместо во земјава но до емитување на прилогот одговор немаше.

Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо нема информација дали турскиот инвеститор планира да не гради фабрика во Ранковце и да замине.

Досега нема прекршувања и остапувања од бизнис планот со Веибо Груп. Фабриката во Крива Паланка веќе работи а во Ранковце активностите за подготовка се уште се во тек. За сите деловни одлуки на компанијата одговор ќе побарате од менаџментот“, рече Виктор Мизо за 24 Вести.

Агенцијата за привлекување на странски инвестиции се прогласи за ненадлежна за случајот со Веибо Груп и можноста инвестицијата да ја префрлат во Србија, посочувајќи дека овој проект е на ТИРЗ.

Со соопштение реагираа од ВМРО ДПМНЕ во кое не се споменува Веибо Груп но се обвинува опозицијата дека имала инвестициски неуспех.

Инвестицијата на Веибо Груп од страна на владата беше најавена како една од поголемите со почетна вредност од 400 милиони долари и нови работни места за 6000 луѓе. Компанијата веќе има фабрика во Крива Паланка но клучните производствени погони требаше да бидат во слободната зона во Ранковце.

Веќе од земјава заминување потврди првиот странски инвеститор Џонсон Контрол. Од централата во Велика Британија за 24 Вести потврдија дека е донесена одлука да ја напуштат земјава и да не продолжат со инвестиција.

 

 

 

 

 

 


Бојан Стојановски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.