Кои судии ќе ги судат предметите на СЈО, Сопот, Шпион, Монструм?

12.01.2018 | 15:20
Прочитано: 1468

Кривичниот суд го објави имињата на судиите кои ќе ги судат предметите на Специјалното јавно обвинителство, како и судењата случаите Сопот, Монструм и Шпион.

Предметите се распределени според АКМИС – системот за управување со судски предмети и новиот годишен распоред за работа на судиите при Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Одделение за организиран криминал и корупција:

„Тарифа“ – судија Софче Гаврилова – Ефремова.

„Трезор“ – судија Џанета Бегтовиќ.

„Тенк“ – судија Добрила Кацарска.

„Титаник 2“ – судија Огнен Ставрев.

„Топлик“ – судија Осман Шабани.

„Тендери“ – судија Осман Шабани.

„ТНТ“ – судија Огнен Ставрев.

„Траекторија“ – судија Горан Бошевски (стар распоред ).

„Триста“ – судија Добрила Кацарска.

„Таргет/Тврдина“ – судија Џанета Бегтовиќ.

„Транспортер“ – судија Добрила Кацарска.

КОК бр. 53/10 од обвинителството означен како „Сопот“ – судија Владимир Туфегџиќ.

„Шпион“ – судија Владимир Туфегџиќ.

Предмети по обвинителен акт поднесен од Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција:

„Монструм“ – судија Огнен Ставрев.

Оддел Кривично – полнолетни:

„Тортура“ – судија Александра Ристеска.

„Титаник 3“ – судија Оља Ристова.

„Насилство Општина Центар“ – судија Душан Јосифов.

„Труст“ – судија Лидија Зимбовска ( стар распоред )

„За останатите предмети кои се уште не се распределени и обвинителните акти кои се уште не се оценети, дополнително ќе информираме“, велат од Судот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.