Колапс на лустрацијата: Поништени уште две лустрации

10.01.2017 | 19:56
Прочитано: 4456
Паднаа лустрациите на поранешниот јавен обвинител Јован Трпеноски и на писателот Божин Павловски. Вишиот управен  суд ги поништи одлуките на Комисијата за лустрација, а деновиве и Трпеноски и Павловски ги добиле решенијата.
 
Според екс обвинителот Трпеноски самата идеја ја изгуби смислата, а лустрацијата беше искористена за пресметка со неистомислениците. 
 
„Идјеата да се спроведе прочостување од полетокот беше извитопереност. Остана законот без идеја. Беше барање до одредени личности кои размислуваат политички поинаку треба да биде поинаку одбележано.“ - вели Јован Трпеноски, поранешен јавен обвинител.
 
Трпеноски се присетува дека одлуката на Комисијата за лустрација ја слушнал од медиумите додека ручал со својата сопруга. Вели, ми преседна ручекот, затоа што знам дека немам сторено никому лошо, а мојот углед непотребно се извалка.
 
“Непријатно е чувството дека се превзема перка кон вас, а знаете дека е е така. Остана чувството на една горчина Како човек си работел, а сега добивате епитет на нечесен“ - вели тој.
 
Одлуката за поништување на лустрацијата на академик Божин Павловски кој живее и работи во Австралија ја соопштија од Клуб Матица, од каде наведуваат и дека во образложението на судот стои ДЕКА лустрацијата  се поништува поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба.
 
 „Божин Павловски беше лустриран по неговата жестока реакција во медиумите по повод лустрацијата на починатиот академик Славко Јаневски“.
 
Се обидовме да добиеме коментар од поранешниот претседател на Лустрациска комисија Томе Аџиев на тоа како гледа на се почестите поништувања на одлуките, но неговиот телефон беше исклучен. Токму Аџиев се најде и во прислушуваните материјали, во кој Антонио Милошоски бара од него да биде лустриран одреден судија од Кичево. 
 
Неодамна Управниот суд ја поништи лустрацијата и на поранешниот амбасадор и министер Ѓорѓи Спасов. падна лустрацијата на новинарката Јадранка Костова, на новинарот Градимир Јовановиќ и на трите одлуки за претседателот на Демократскиот сојуз на Власите Никола Бабовски.  Европскиот суд за човекови права од Стразбур пак ја поништи лустрацијата на екс претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски.

Светлана Унковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.