Концерт на „Меморија“

08.11.2017 | 18:10
Прочитано: 1638

По 35 години од своето постоење и повеќе од две децении од последниот концерт, членовите на бендот Меморија ,на денешната последна прес конференција ги соопштија деталите за долгоочекуваниот концерт, кој со специјални аудио и визуелни ефекти ќе се одржи во Скопје, во Метрополис Арената, на 18.-ти ноември со почеток во 20:00 часот.

Безвременските, „Нена“, „Оган под Звездите“, „Снежана“, „Илјада песни“ и многу други хитови ќе ја вратат меморијата на сите оние кои ќе бидат дел од овој концертен спектакл.

„Концертот е повеќе од три третини распродаден.“ - вели Петар Георгиевски - Камиказа.

На средбата со новинарите беше претставено и најновото ЦД - The Greatest Hits,кое ги обединува најголемите хитови , а оваа прилика членовите на бендот ја искористија да најават и комплетно нов албум од групата кој ќе биде промовиран следната година на истиот датум со годинешниот концерт, 18ти ноември.


Сања Савеска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.