Контроверзии околу конзервацијата на Али Пашината џамија

19.05.2017 | 18:58
Прочитано: 4358
Конзервацијата на Али Пашината џамија која граѓаните ја опишаа како спорна и понатаму е топ тема во Охрид. Никако не престануваат превирањата меѓу нив, партиите и Завод и Музеј.
Додека директорката на установата тврди дека исклучиво се вршат реставрациски дејствија одобрени од сите релевантни институции, граѓаните и понатаму се сомневаат дека ова е уште еден нелегален владин проект со политичка позадина  Откако се уверија дека остатоците од базиликата нема да се рушат Охриѓани сега  обвинуваат дека џамијата во строгиот центар на градот ќе добие нова градба многу поголема од сегашната,а за новото минаре кое во проектната документација е предвидено да се гради кружат муабети дека ќе било високо 32 метри.
 
Во меѓувреме со слична обвинувања реагираше и општинскиот комитет на ВМРО НП. Преку соопштение партијата побара директорката Бунташеска да излезе јавно пред граѓаните и  да одговори колку високо ќе биде минарето, зошто целиот проект е изгласан тајно од очите на охриѓани во меѓусебен договор со муфтиството и зошто  граѓаните не се консултирани за овие активности.
 
Директорката Бунтешеска денеска експресно одговори на прашањата за кои рече дека се безпотребно подигнување тензија.
 
„Да, минарето ќе биде високо 32 метри но тоа е висина која џамијата ја имала уште во минатото, тоа не е донесено сега. Јас кажав џамијата се конзервира ќе се враќа исклучиво во положбата која ја имало некогаш и ниедна политичка партија не е вмешана во проектот, ниту министерството ниту ВМРО-ДПМНЕ" - вели Тања Паскали Бунтаешска директор на ЈУ,,Завод и Музеј"
 
Денеска се обидовме да стапиме во контакт и со Охридскиот муфтија. Тој во телефонска изјава за ТВ 24 пак не сакаше да открива детали за градбата. Кратко рече дека се што  ќе грaди е во рамки на законот, а е финансирано од турската заедница.

Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.