Крај за серијата „Куќа од карти", по обвинувањата дека Кевин Спејси сексуално вознемирувал малолетник

31.10.2017 | 10:44
Прочитано: 1422

Претстојната шеста сезона од ТВ серијата „Куќа од карти" ќе биде и последна, најавија од Нетфликс.

Оваа вест следи по обвинувањата кон актерот Кевин Спејси за сексуално вознемирување кое се случило во 1986 година, но одлуката не е поврзана со тој случај, тврдат добро упатени извори.

Глумецот Ентони Реп претходно изјави за Базфид дека Спејси се обидел да оствари сексуален однос со нив кога тој имал 14 година. По таа исповед, Спејси на Твитер лично му се извини, нагласувајќи дека не се сеќава на тоа. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.