Кривична пријава за екс директорот на Фени

06.12.2017 | 17:28
Прочитано: 4723

Неверојатни 51,5 милиони долари испумпал екс директорот, Jусуф Mиракхмедов од сметката на Фени индустри кон фирма ќерка на Kунико Rесурсис. Ова го објави денеска финансиската полиција. Наместо да наплати, Mиракхмедов им простил долг од преку 50 милиони долари, кој фирмата Kунико Mаркетинг од Дубаи го имала кон Фени.

Фероникелот кој го произведува кавадаречкиот комбинат го купувала фирмата од Обединетите Арапски Емирати. Таа е една, од многуте компании во кои сопственикот на Фени, Кунико Ресурсис имал свои удели.

„На ваков начин, спротивно на законските прописи, наместо да се наплатат паричните побарувања, извршпено е прелевање од капиталот на Фени индустри а. д. Кавадарци кон компанијата Кунико Маркетинг Ф. З Дубаи. И двете компании во сопственост на Кунико Ресорсис со седиште во Холандија со што предизвикал штета на Фени индустри во вкупна вредност од 51 505 526  американски долари.“ - изјави Арафат Муареми – директор на управата за финансиска полиција.

Од финансиската полиција сомневањата ги темелат на тоа што како извршен директор на Фени, Миракхмедов воопшто не се ни обидел да го наплати долгот од Кунико Маркетинг. Фабриката не поднела тужби, писма за немери, а не била најдена ниту имејл комуникација помеѓу должникот и доверителот. Не бил ревидиран ниту даночниот биланс за 2015 година, со што не е даночно презентирано отпишаното побарување. Миракхмедов дови нова кривична пријава, втора по ред, за злоупотреба на службена положба. И додека истражните органи го испитуваат криминалот, работниците на фени денеска ги прекинаа блокадите. Ветена им е плата за ноември. Со соопштение се огласи и стечајниот управник Мирослав Анастасиевски.

Денеска заврши рокот потенцијалните инвеститори писмено да се изјаснат за заинтересираноста за купување на Фени. Засега се знае дека швајцарскиот фонд испратил такво писмо.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.