Kривична пријава за поранешниот градоначалник на Kрива Pаланка

13.01.2018 | 14:06
Прочитано: 2823

Секторот за внатрешни работи од Kуманово до Oсновното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против A. A. и М. М. поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.

Како што соопшти министерството за внатрешни работи двајцата пријавени во периодот од јуни 2009 година до мај 2013 во два наврати ја злоупотребиле својата службена положба и овластувања.

Првопријавениот, во тој период во својство на градоначалник на Крива Паланка, а второпријавениот во својство на тогашен директор на ДСУ „Ѓорче Петров“ од истата општина, постапиле спротивно на заклучоците и одлуката на владата за проектот за изградба на 35 спортски сали.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.