Лајкамобајл една година на македонскиот пазар

03.07.2017 | 12:45
Прочитано: 4902

Лајкамобајл, најголемиот мобилен виртуелен оператор во светот, веќе една година е активен во Македонија. Од своето основање во 2006 година, Лајкамобајл се воспостави како вистински интернационален бренд, поврзувајќи ги корисниците со нивните најблиски насекаде низ светот преку своите високо квалитетни меѓународни повици по ниски цени и понуди. 

Од тогаш до денес, Лајкамобајл го видоизменуваше своето продуктно портфолио фокусирајќи се и на националните пазари, со ште сега обезбедува и неверојатно конкурентни неделни и месечни национални пакети со изобилство вклучени повици, СМС и интернет. Овие разновидни комбинации на понуди значат дека Македонските граѓани можат и национално да останат поврзани со своите фамилии, пријатели и партнери за исто така ниски цени.   

Фокусот на Лајкамобјал врз грижата на корисници и иновативна бизнис стратегија, воспостави понов, различен и попозитивен однос со припејд корисниците на мобилна телефонија и воопшто. Овој однос стекнува доверба кај се повеќе корисници при обезбедувањето на најдобра услуга по прифатливи цени.  

Владимир Николиќ, генералниот менаџер на Лајкамобајл Македонија, посочи: “Со нашите силни продуктни понуди на месечно ниво и поволностите на припејд опцијата, како што е немањето обврзувачки договорни обврски, покажавме дека можеме значително да ја зголемиме нашата активна база на припејд мобилни корисиници, чиешто пак искуство на користење услуги го доближиме кон тоа  во пост-пејд сегментот. За да го демонстрираме нашиот специјален кориснички однос, за прв пат воведовме бесплатна достава на СИМ картички на адреса на корисниците. Уште повеќе, постојано сме во процес на анализа на предлозите и барањата на корисниците и редовно вршиме прилагодување на понудите, уверувајќи ги нашите корисници дека секогаш ќе им обезебдиме најатрактивни можни понуди”.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.