Лазаров: Не смееме да изгориме во желбата за одмазда против Тунис

11.01.2017 | 20:46
Прочитано: 1359
Трката по светскиот ракометен трон почнува вечерва во Франција, домаќинот ќе го отвори мундијалот во меч со Бразил, а македонската репрезентација ќе ужива во последната слободна вечер, пред утрешниот прв натпревар со Тунис.
 
Македонија во групата „Б“ во мец, се наоѓа во друштво на селекциите на Ангола, Исланд, Словенија, Шпанија и Тунис.
 
Почнуваме против Африканците кои се наш должник од олимписките квалификации во Гдањск минатиот април.
 
Капитенот на Македонија, Кире Лазаров смета дека нашата селекција мора да биде претпазлива во пресрет на дуелот, и дека не смее да изгори во желбата за одмазда против својот ривал.
 
„Ние ќе се обидеме да ја играме нашата игра, не смееме да се однесуваме одмазднички кон нашиот противник. Сите сакаме да дојде до израз нашиот квалитет и секако, голема е желбата за победа во првиот натпревар на овој Мундијал“ истакна капитенот Лазаров.
 
Форматот на натпреварување вели дека првите четири селекции во групата ќе напредуваат во следната фаза. 
Затоа целта на нашата репрезентација се две победи а шансата за нивно остварување се токму првите два натпревари, против Тунис и Ангола.
 
Дуелот против Тунис, нашата репрезентација го игра утре со почеток од 17 часот и 45 минути.

Душко Постолов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.