Ле Пен се кандидираше за парламентарните избори во Франција

19.05.2017 | 10:07
Прочитано: 1618

Лидерката на крајнодесничарскиот Национален фронт Марин Ле Пен, која ги изгуби претседателските избори од нејзиниот ривал Емануел Макрон,  ја објави својата кандидатура за парламентарните избори во јуни.

„Не можам да поднесам да не бидам на чело на моите војници во една битка, што ја сметам за главна“, нагласи Ле Пен.

Таа посочи дека ќе биде кандидат за пратеник од избирачкиот регион на градот Енен-бомон во Северна Франција, каде управува нејзината партија. Марин Ле Пен нагласи дека планира преку парламентарните избори во Франција да ја направи национален фронт главна политичка опозициска сила во земјата. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.