Љубовната приказна на најмладиот претседател на Франција

08.05.2017 | 14:52
Прочитано: 13227

Од професорка до прва дама на Франција. Брижит и новиот претседател на Франција, Емануел Макрон, својата романса ја започнуваат изведувајќи драмско дело на Милан Кундера во 1993 година кога Макрон имал 15 години, а Брижит 40 години.

Минатата година за време на снимањето на документарецот за Би Би Си таа изјавила дека Макрон се издвојувал од сите ученици во класот. Тој и предложил заедно да пишуваат  драмски дела во кои тие ќе ја имаат главната улога. На 16 години родителите го испратиле Макрон на студии во Париз, но и ветил на Брижит дека ќе ја побара за да биде негова жена, раскажува Брижит во документарниот филм посветен на нејзе. 

„Мислев дека ќе му здосади и ќе се откаже. Напротив, откако го напишавме првото драмско сценарио се повеќе бев фасцинирана од неговата умешност и интелегенција. Откако замина на студии  често бевме во комуникација поминувајќи многу часови на телефон и разговарајќи за нашата врска. Беше доста упорен победувајќиме во мојот отпор на неверојатен начин и со огромно трпение“, изјавила Брижит. 

Оваа необична приказна ги обиколи светските медиуми откако Макрон се појави како кандидат за претседател на Франција. Се до тогаш и двајцата биле комплетно непознати за јавноста. Додека тој бил министер за економија таа била чест гостин во неговата канцеларија. 

„Таа потроши многу време со мене во  мојата канцеларија затоа што нејзиниот поглед и присуство ми даваше сосема поинаква димензија на мојот живот. Брижит е жената која ме прави да сум среќен“, изјавил Макрон откако ја напуштил функцијата министер за економија. 

Во текот на неговата кампања центристот Макрон беше постојано придружуван од неговата сопруга за која и самиот  најавуваше дека Франција ќе ја има брижит за прва дама. Шесет и четиригодишната Брижит  ќе работи на реформи во образованието и нејзините услуги ќе ги понуди бесплатно на државата, фокусирајќи се на  работа со деца со аутизам и деца со други потешкотии во развојот, изјави  Кендис Неделек, коавторка на биографијата на претседателската двојка. Откако ќе се преселат во Елисејската палата, Брижит ќе има на располагање персонал, буџет и ќе плаќа даноци, но нема да прима плата. 


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.