Лондон: Нема докази за истрели на евакуираната метро станица

24.11.2017 | 20:18
Прочитано: 643

Лондонската полиција соопшти дека не биле пронајдени докази дека било пукано од огнено оружје, поради што била евакуирана метро станицата Оксфорд во центарот на Лондон. Метрополитен полицијата информираше дека не се лоцирани осомничени лица, ниту имало посериозно повредени во инцидентот.

Една жена била полесно повредена, додека бегала од метро станицата. Поради инцидентот беа затворени улиците Бонд и Оксфорд, но подоцна  повторно се отворени. Полицијата одговори на инцидент кој се смета за поврзан со тероризам. Вооружени полицајци се на самото место, наведе претходно Скотланд Јард.

Една од најфреквентните метро станици во Лондон беше евакуирана, откако беше пријавен инцидент со огнено оружје и откако граѓани во паника бегале. Лондонската метро станица е на главната шопинг улица во Лондон и е секогаш полна со луѓе, посебно вечерва, на „Црн петок“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.