Лозарите од Тиквешијата ја блокираа винаријата „Повардарие“

13.10.2017 | 18:52
Прочитано: 4855

Стотина лозари од тиквешијата од утрово ги блокираа влезовите на винарската визба „Повардарие“ во Неготино. Не пуштаат никого да влезе. Револтирани се оти визбата им должи пари за грозјето уште од пред три години. Решени се да блокираат, се додека не им се исплати и последниот денар.

„Повардарие“ од годинава е со блокирана сметка и без лиценца за откуп на грозје. Лозарите велат дека и покрај тоа, визбата откупувала грозје преку други фирми и навечер го носела во својот склад. Бараат одговори од директорот, Ванчо Кузмановски. Се жалат дека ги избегнувал и постојано им велел дека е надвор од државата.

Во телефонски разговор, кузмановски рече дека е во странство. Потврди дека од март тој повеќе не е директор на „Повардарие“ и дека не знае ништо за овој проблем. Во „Повардарие“ денеска немаше кој да даде изјава за случувањата. Пред еден месец раководството на неготинската визба поднесе кривични пријави против екс министерот за земјоделие, Михаил Цветков, заменикот Ванчо Костадинов и поранешниот заменик министер за економија Христијан Делев. Ги обвинуваат дека ги натерале со сила да откупат двојно повеќе отколку што им треба, со што се создал вишок на грозје. Лозарите се решени да не отстапат. Ги повикаа своите колеги да се придружат на блокадата, се до конечното решавање на проблемот.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.