Луан Старова одликуван со орден Офицер од редот на Легијата на честа

12.04.2017 | 10:58
Прочитано: 3653

Францускиот амбасадор Кристиан Tимоние, во име на претседателот на Република Франција, го одликува Луан Старова со орден Офицер од редот на Легијата на честа.

Како што соопшти Амбасадата на Франција во Скопје, академик и писател, универзитетски професор по француска и компаративна книжевност и прв амбасадор на Република Македонија во Париз, Луан Старова го добива ова значајно француско одликување за неговиот голем придонес во развојот на односите помеѓу двете земји.

„Амбасадорот Старова одржува блиски контакти со многу писатели, поети и француски мислители на нашето време, како Едгар Морен, Морис Дрион, Робер Мале, Анри Мешоник, Андре Френо и други, придонесувајќи на тој начин за подобро да се разбере регионот на Балканот во клучните години од последната деценија на 20-от век“, стои во соопштението.

Во говорот по повод доделувањето на ова највисоко француско признание амбасадорот Кристиан Тимоние се осврна на дипломатската активност на Старова во Париз, на неговото творење на двата јазика - македонскиот и албанскиот јазик и значењето на неговите дела во младата и плодна книжевност во Македонија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.