Македонија доби Словенец за селектор

18.05.2017 | 18:30
Прочитано: 5405
Словенечкиот одбојкарски стратег, Драгутин Балтиќ, ќе биде нов предводник на одборјкарската репрезентација на Макeдонија.
 
„За селектор во овогодишниот циклус на натпреварувања на репрезентацијата во ЦЕВ Европска Лига е назначен Драгутин Балтиќ. Прочуено име во Европските одбојкарски кругови, освојувач на европски клупски натпреварувања (ЦЕВ Куп, Челенџ Куп), национални шампионати на Словенија, Азербеџан, Швајцарија и со завидно тренерско искуство како селектор на националните тимови на Словенија и Бугарија“, соопштија од Одбојкарската федерација на Македонија.
 
Балтиќ доаѓа на местото на Никола Жељасков, кој ќе се посвети на младинската бугарска репрезентација. Подготовките на репрезентацијата почнуваат на 20 мај, а фокусот е четвртиот настап едноподруго во Европската лига. Македонија ќе игра во група со Шведска, Азербејџан и со Албанија, а целта е едно од првите две места кои водат на Ф4-турнирот во Данска.
 
Првиот натпревар го играме на 16 јуни, против Азербејџан.

Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.