Македонија ја победи Словачка (66-74) на стартот од претквалификациите за ЕП

23.11.2017 | 20:49
Прочитано: 1205

Kошаркарската реперзентација на Mакедонија со победа на гости во Словачка ги стартуваше претквалификациите за Европското првенство (66-74). Националниот состав триумфираше во дуелот со главниот ривал за првото место во групата и ги отвори вратите за пласман во главните квалификации.

Одлична игра прикажаа репрезентативците пред се во одбраната и практично за само едно полувреме го скршија отпорот на домаќинот. Словачка се закани единствено на стартот на последната четвртина, но Македонија го потврди квалитетот кога беше најпотребно. Импресивна партија прикажа Ричард Хендрикс со 21 поен, 14 скокови и 4 украдени топки. Војдан Стојановски солидно издание 20 поени, по осум за Ѓуровски и Дамјан Стојановски. Во вториот меч од претквалификациите Македонија в недела ќе ја пречека Швајцарија, која важи за аутсајер во групата па со евентуален триумф би направиле значаен чекор кон главната квалификациска рунда.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.