Македонија назадува во препораките од Поглавјето 23 за судството и основните права

30.07.2015 | 15:13
Прочитано: 1566
Македонија изминативе години бележи назадување во препораките од поглавјето 23 кои се однесуваат на судството и на фундаменталните права, се забележува во истражувањето спроведено од Институтот за европски политики и Хелсиншкиот комитет. 
 
Партизираноста на институциите, селективноста на правдата и непостоење на независност на судството се главните забелешки кои беа нотирани и во извештајот на Прибе.
 
Една од првите препораките кои се наведуваат во извештајот е изборот на специјалниот јавен обвинител, кој се смета за клучна личност во излезот на политичката криза. 
 
Забелешките од ова истражување главно се поклопуваат со експертскиот извештај на Прибе во делот на препораките од поглавјето 23 во кој на директен начин и со конкретни оценки беа нотирани назадувањата во делот на судството и темелните права.

Светлана Унковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.