Македонија не се пласира во финалето на Евровизија

11.05.2017 | 23:21
Прочитано: 9962
Јана Бурчевска не успеа да се пласира во финалето на Евровизија која годинава се одржува во Киев, Украина. Таа настапи како трета денеска на втората полуфинална вечер со песната „Dance alone“, имаше извонреден настап проследен со бурен аплауз.
 
Од втората полуфинална вечер во финалето влегоа Бугарија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија и Австрија.
 
Земјите кои имаат директен влез во финалето, гласаа и на првата и на втората полуфинална вечер. Италија, Шпанија и Велика Британија гласаа на првата, а вечерва гласаа Украина, Франција и Германија. 
 
Од двете полуфинални вечери, се бираат по десет изведувачи кои одат во финалето заедно со големата петорка која автоматски секоја година директно учествува на финалето, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и годинешниот домаќин Украина како минатогодишен победник на Евровизија. Финалето ќе се одржи в сабота на 13 мај.
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.