Македонскиот полициски синдикат бара покачување на платите на полицијата

13.11.2017 | 18:01
Прочитано: 4503

Македонскиот полициски синдикат повторно реагираше за предлог буџетот за следната година во кој не е предвидено покачување на платите за полицијата. Репрезентативниот синдикат на полициските службеници побара од надлежното министерство да го направи и договореното усогласување на платите за 5 % кое оваа година требало два пати да се случи.

Од МПС велат дека ниту едно усогласување не било направено годинава и посочија дека раководството на МВР ги игнорира нивните барања за средби. Од МВР пак го повторуваат ставот дека се отворени за соработка со синдикатите и дека очекуваат во најкус можен рок да се реализира средба.



The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.