Македонските олимпијци почнуваат во вторник

09.02.2018 | 21:54
Прочитано: 1009

Првите битки за медали на ЗОИ во Пјонгчанг почнуваат утре, ќе се одржат пет финални дисциплини, а настапот на македонските спортисти ќе стартува в дури во вторник, на 13 февруари.

Ќе отворат нордиските тркачи, Ставре Јада ќе излезе прв на борилиштата во трката во спринт, а ќе има шанса да се покаже и на 15 километри слободно, на 16 февруари. Во меѓувреме, ќе настапи 17-годишната Викторија Тодоровска, на трката на 10 километри слободно закажана за четврток, 15 февруари.

Последен е алпинецот Антонио Ристевски во велеслалом на 18 февруари и во слалом на 22 февруари, терминот за сите настапи ќе го пресметуваме со разлика од осум часа од локалното време во Пјонгчанг. Ова е седма Зимска олимпијада за самостојна Македонија, но извесни се очекувањата дека и неа ќе ја проследиме без бележит резултат.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.