Малага во дилема – да го победи Реал и земе 600 илјади евра, или да загуби и добие милион

18.05.2017 | 12:30
Прочитано: 25290

Одлуката за шампионот на Шпанија ќе падне дури во последното коло на Примера во недела навечер. Во очите на светската јавност ќе биде пресметката на „Ла Росаледа“ во Малага каде гостува лидерот Реал од Мадрид. 

Бидејќи Кралскиот клуб има три бода предност во однос на Барселона на табелата, јасно е дека со пораз тимот на Зинедин Зидан ќе им ја предаде титулата на Каталонците, кои не би требало да имаат проблем со Еибар на Камп Ноу. Малага не е лесен противник, ако се земе в предвид победата неодамна на домашен терен токму против Барселона со 2-0.

Сепак тоа што е најинтересно во пресрет на пресметката Малага-Реал, фудбалерите од југот на Шпанија и со пораз и со триумф ќе ја наполнат касата на клубот. Имено, според пропозициите во Примера, секој клуб кој ќе завшри во топ 10 на табелата добива автоматски бонус од 600 илјади евра.

Ако сака Малага да се најде во тоа друштво мора да го победи Реал. Но, не треба да се заборави ниту клаузулата од договорот за продажбата на Иско помеѓу челниците на Реал и Малага кога договорија мадридскиот клуб да уплати милион евра бонус во случај Иско да освои шампионска титула во дресот на Кралевите во наредните пет години.

Како и да е, Малага секако ќе профитира од пресметката со Реал. Е сега дали ќе дојде до 600 илјади евра победувајќи го Кралскиот клуб и огромно благодарам од Барселона, која ќе има можност да ја одбрани титулата, или ќе загуби и ќе инкасира еден милон во клупскиот буџет останува да видиме, во недела од 20 часот.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.