Манчстер сити уште синоќа стана четвртфиналист во ЛШ

14.02.2018 | 09:25
Прочитано: 685

Елиминациската, пролетна фаза од Лигата на шампионите почна возбудливо и со многу голови. Во синоќешното дерби на денот, Јувентус и Тотенхем одиграа 2-2, откако домаќините водеа и со 2-0.

„Старата дама“ отвори фуриозно, со головите на Игуаин во втората минута и во деветтата од пенал. Потоа Јуве се повлече, а Тотенхем нападна со сиот свој репертоар, па резултатот стигна во 35. минута, кога Хари Кејн реализираше.

Јувентус доби уште еден пенал и шанса за 3-1 во судиското продолжение од првиот дел, но Игуаин овој пат ја погоди пречката. Тотенхем продолжи да се обидува и во вториот дел и конечно успеа да изедначи во 71. минута, преку Ериксен. Сега и Jувентус одигра поофанзивно, но 2-2 остана конечен резултат.

За разлика од овој дуел, кој ќе се решава за три недели на „Вембли“, се е јасно во осминафиналето меѓу Базел и Манчестер сити бидејќи „граѓаните“ на гости славеа со 4-0. Уште во првиот дел постигнаа три погодоци, преку Ѓундоган, Бернардо Силва и Агуеро, а во вториот Ѓундоган уште еднаш погоди за 0-4. Лигата на шампионите продолжува вечерва со дуелите Реал Мадрид – ПСЖ и Порто – Ливерпул (20.45).


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.