Мариа Дибиаџио ќе ја обиколи Македонија со велосипед

19.05.2017 | 21:58
Прочитано: 4899
Мариа Дибиаџио, спортист и хуманитарец од Крива Паланка, ја почна рутата за обиколка на Македонија со трчање и велосипед, а ќе ја овековечи во документарен филм.
 
„Идејата е со трчање и возење велосипед да ја обиколам Македонија, посетувајќи ги знаменитостите во регионот и прекрасните убзвини низ кои минувам. Почнавме попладенево од манастирот Св.Јоаким Осоговски во мојот град, преку Ранкобце, каде израснав, па Кратово и локалитетот Куклица со прво преноќиште вечер во Пробиштип. Планирам да минувам 80 до 100 километри дневно и да ги посетам сите коти - гранични линии на Македонија со соседните држави“, изјави Дибиаџио.
 
Документарецот ќе се снима во рамки на проект на здружението за поддршка на маргинализирани групи, „Пинк супорт“, чиј основач е таа. Филмот ќе се промовира на 3-ти септември во Скопје.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.