Масовни протести во Мексико се закануваат да преминат во граѓански немири

11.01.2017 | 21:57
Прочитано: 2083

Социјалните тензии кои веќе подолго време вријат во Мексико се закануваат дека ќе се прелеат во револуција, откако не успеаа неолиберални реформи на претходно национализираниот гасен сектор во земјата, за кој се зголемуваат и корупциските скандали, но и поради стагнацијата на животниот стандард, и неконтролираната инфлација.

Поради интензивирањето на граѓанските немири во Мексико, само изминатава недела неколку пати беше затворена границата помеѓу САД и Мексико.

Поради протестите, кои најнапред започнаа поради енормното поскапување на цената на горивата, уапсени се повеќе од 400 луѓе, ограбени се повеќе од 250 продавници, и пријавени се 6 смртни случаи.

Патиштата се блокирани, затворени се границите, владини згради се затворени, а државната администрација не работи. Протестите засега се релативно мирни, освен во неколку изолирани случаи, каде активистите ја обвинуваат владата  дека уфрлила провокатори.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.