Меј: Заедно ќе се бориме против руските активности

14.11.2017 | 12:03
Прочитано: 1173

Велика Британија и нејзините сојузници ќе се борат заедно против активностите на Русија, кои претставуваат закана за меѓународниот поредок, изјави синоќа во лондон британската премиерка Тереза Меј.

Таа го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „се обидува информациите да ги претвори во оружје“.

Според Меј, Путин е виновен за анексијата на Крим, за поттикнување на судирите во источна Украина, за прекршување на редот во европскиот воздушен простор и за кибер шпионажа, вклучително и за мешање во изборите во неколку западни земји и за хакирање на податоци на данското министерство за одбрана.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.