МЕПСО привремено го суспендира „Енг сервис трејд“ од пазарот на електрична енергија

20.09.2017 | 17:49
Прочитано: 974

МЕПСО привремено ја суспендира компанијата „Енг сервис трејд“ и таа од денеска до 1 ноември го губи правото да работи како снабдувач на пазарот за електрична енергија, соопштуваат од МЕПСО. Согласно со правилата за пазар на електрична енергија, МЕПСО како организатор на пазарот на електрична енергија изрекува суспензија во услови кога компанијата не ги исполнува своите обврски кои во овој случај се создадени заради превземена, но неплатена електрична енергија.

Суспензијата ќе биде продолжена до крај на ноември доколку во тој период снабдувачот не ги подмири обврските, стои во нивното соопштение. Оттаму додаваат дека пред суспендирањето биле издаде опомени, активирана финансиска гаранција, меѓутоа поради неподмирување на обврските компанијата е суспендирана. Освен овие мерки, МЕПСО ги превзеде и сите расположливи законски мерки и активности за наплата на своите побарувања.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.