Меси ја доби четвртата „Златна копачка“ во кариерата

25.11.2017 | 20:22
Прочитано: 916

На најдобриот фудбалер на Барселона Лионел Меси денеска му беше доделена наградата „Златна копачка“, која се доделува за најдобар стрелец во Европа.

Меси минатата сезона постигна 37 голови во Примера, три повеќе од Бас Дост од Холандија.

По бројот на „Златни копачки“ Меси сега се изедначи со Кристијано Роналдо, кој исто така четирипати бил најдобар голгетер на Стариот континент.

Аргентинецот претходно беше најдобар во сезоната 2009-2010 кога постигна 34 голови, потоа во 2011-2012 со 50 голови и 2012-2013 со 46 погодоци.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.