Министерски усогласување – како ќе се укине царината за јонски акумулатори?

22.11.2017 | 18:09
Прочитано: 1247

Вицепремиерот за економски прашања Анѓушев очекува набрзо да се укине царината за акумулаторите наменети за електрични возила, откако во наредните неколку дена министерствата за економија и за финансии ќе ги усогласат ставовите. Откако Владата на седми овој месец објави дека  донела одлука за укинување на царинската стапка, телевизија 24 дојде до документ од Министерството за финансии со кој се дава негативно мислење за предлогот. Анѓушев рече дека нема никаков проблем, зашто усогласувањето меѓу министерствата е од техничка природа.

„Сите други производители на технички возила да можат да увезуваат технички батерии, а тоа се литиумјонски батерии и тие да бидат увезени со царини исти како во Европска унија бидејќи ние по грешка во нашиот закон ставено царина од 15 отсто и со тоа производството не може да биде конкурентно. Сакаме да го изедначиме да биде конкурентно исто како и европското“, рече Анѓушев.

Од Министерството за финансии кусо изјавија дека работат на усогласувањето на одлуката со Министерството за економија.

Анѓушев тврди дека царината се укинува на барање на странски инвеститор, кој сака да почне бизнис во Македонија. Опозицијата обвини дека укинувањето на царината е поради бизнис потребите на Кочо Анѓушев, зашто неговата  компанијата  „Брако“ е единствената фирма која ги користи овие акумулатори.

Според Владата во овој случај нема конфликт на интереси.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.